Top Sport

(Видео) Баер без пораз ја заврши сезоната, дебакл на Баерн Минхен, Унион Берлин се спаси од испаѓање

Заврши сезоната 2023/2024 во Бундес лигата. Последното 34. коло го даде конечниот одговор на сите непознати. Најдраматично беше во борбата за опстанок, покрај Дармштад од лигата испадна Келн, а Бохум ќе игра бараж за опстанок против Фортуна Диселдорф. Унион Берлин на волшебен начин се спаси, победи против Фрајбург со 2:1 и покрај тоа што голманот на Франјбург одбрани два пенали. На табелата зад Баер Леверкузен заврши Штутгарт, а Баерн Минхен лошата сезона ја заврши со пораз кај Хофенхајм.

Унион Берлин сезонава играше во Лигата на шампионите, а во Бундес лигата едвај се спаси од испаѓање. Со победата над Фрајбург од 2:1, Унион го избегна баражот за опстанок. Фрајбург со овој пораз остана без место во европските купови и тажно се прости од тренерот Кристијан Штрајх (тој беше тренер на првиот тим од 2011 година).

Унион промаши два пенали но по вториот (го изведе Фоланд во 90+3. минута), Јаник Хаберер налета на топката трча и го постигна голот за опстанок.

Новиот шампион Баер Леверкузен ја заврши сезоната во голем стил, без ниту еден пораз. „Фармацевтите“ го пречекааа Аугсбург и победија со 2:1. Тоа беше 28-та победа во една незаборавна сезона, со шест ремија за тимот на Чаби Алонсо.

Финалистот во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, убедливо го совлада одамна отпишаниот Дармштад, а капитенот Марко Ројс го постигна прошталниот гол на „Вестфален“.
.
И Штутгарт одигра сезона за паметење. „Швабите“ убедливо славеа над Борусија Менхенгладбах (4:0). Два гола постигна фантастичниот Гираси.

Баерн и во последното коло ги разочата своите навивачи и покрај тоа што кај Хофенхајм по само шест минути водеше со 0:2.

Баерн во второто полувреме со хет-трик го нокаутира хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ. Два од трите гола Крамариќ постигна по лошите рекции на Мануел Ноер.

Scroll to Top