Тајсон Фјури го загуби мечот и титулата на во тешка категорија на ВБЦ, но го теши сознанието дека го испратил во болница со тешка повреда, новиот апсолутен шампион во тешка категорија.
Олександр Усик со скршена вилица директно од „Кралската сала“ во Ријад е пренесен во итната медицинска помош, пишува „Дејли мејл“.
Не е познато во кој момент од 12-те исцрпувачки рунди Украинецот заработи тешка повреда, но очигледно е дека под налетот на адреналинот не помислил да се откаже.
Меѓутоа, кога заврши борбата со Англичанецот и кога беше прогласен за неприкосновен шампион на планетата во „кралската категорија“ по 24 години му беше препорачано да побара лекарска помош. Поради тоа Усик не им се обрати на новинарите, за разлика од поразениот кој застана пред камерите и го доведе во прашање исходот од борбата во која упати сто удари повеќе од својот ривал – но и значително помалку пласираше таму каде што треба.
„Борбата штотуку заврши. Го гледате моето лице? Тоа е прилично заеб..о, а тој штотуку беше однесен во болница со скршена вилица. Тука 12 рунди убваме „бога“ еден во друг. Значи, време е да си одам дома, да изедам нешто јако, да се напијам неколку пива, да поминам време со моето семејство, да го шетам кучето и да разговарам со Френк (менаџерот) за тоа што ќе правиме во иднина“. изјави 35-годишниот боксер од предградието на Манчестер, кој се пензионираше и неколку пати се враќаше на боксот.
Во договорот тој има право на „жалба“, односно можност да закаже реванш со Усик. Новинарите од Ријад наведуваат дека промоторот на Фјури, Френк Ворен, меѓу редови најавил дека неговиот клиент ќе го искористи тоа право и дека реваншот ќе се случи најверојатно во октомври.