Барселона го обезбеди второто место на крајот од сезоната со победата од 3-0 на домашен терен против Рајо Ваљекано.
Роберт Левандовски го постигна првиот гол во третата минута, а натпреварот беше решен кога Педри постигна два брзи гола, во 72. и 75. минута.
По натпреварот, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, се упатил кон службените простории за да одржи состанок со тренерот Чави, на кој , како што тврдат медиумите, требало да биде донесена одлука дали Чави ќе остане на чело на тимот и следната сезона.
Сепак, средбата не се одржала бидејќи, според шпанските медиуми, на Лапорта му се слошило и итно го напуштил стадионот и отишол во болница.
Чави по натпреварот имал средба со новинарите, на која рекол дека не знае каква ќе биде неговата судбина.
„Пораката е иста, кога ќе имам информација ќе ја споделам со вас. Но, ситуацијата е иста. Очекувам разговор што е можно поскоро“, рекол Чави.
Се чини дека навивачите го поддржаа Чави во наводниот судир со претседателот Лапорта.
„Не ми се допаѓа оваа ситуација. Не ми се допаѓа вакво нешто. Не сакам кога вака се искажува незадоволството, не е важно дали се работи за тренерот или претседателот. Непријатно ми е. Од друга страна, благодарен сум на нашите фанови што го извикуваа моето име“,
Минатата сезона Барселона по четири години пост ја освои титулата со Чави, но оваа година клубот остана без ниту еден трофеј.