Најголемото изненадување во Франција, Брест, кој како трет во француското првенство директно се пласираше во Лигата на шампионите, европските натпревари ќе ги игра на стадионот „Стад де Рудуру“ во Генгамп, најави градоначалникот на Брест, Франсоа Куиландре. Иако во игра беше и „Роажон парк“ во Рен, Куиландре истакна дека Рудуру е „најблискиот стадион до Брест“.
„Жал ми е што не е во Ле-Бле, но исто така ја зајакнува нашата идеја за изградба на нов стадион“, додаде тој.
„Стад Франсис-Ле-Блеу“, каде Брест игра во Лига 1, не ги исполнува стандардите што ги бара УЕФА за натпревари од Лигата на шампионите, особено затоа што три од неговите четири трибини се цевчести структури, што е забрането со континенталните прописи.
По техничкиот преглед на крајот на април, УЕФА го извести Брест дека, доколку не се изведат градежни работи, ќе им дозволи да играат на совјот стадион но тогаш капацитетот би бил само 5.000 места.
Брест мора да ја извести УЕФА до 22 мај каде ќе биде домаќин.
Брест пред неколку години започна проект за изградба на нов стадион со 15.000 седишта, чија изградба е планирана за 2025 година и кој не треба да биде завршен пред 2027 година.