Бразилецот Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност што со националниот тим избори на Европското првенство.
Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета.
Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.
Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија.
Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но челниците на националниот сојуз изразија желба да ја продолжат соработката со бразилскиот селектор.