Баерн Минхен се уште заработува од трансферот на Роберт Левандовски. Полјакот летото 2022 година од Баерн се пресели во Барселона.
Барселона за Левандовски плати 45 милиони евра. Во договорот што го потпиша постои клаузула дека Баерн ќе добива бонус од 1,25 милиони евра за секоја сезона во која ќе постигне најмалку 25 голови.
Минатата сезона, кога Барселона ја освои Ла Лига, постигна 33, а оваа сезона против Рајо Ваљекано го постигна својот 25 гол и повторно донесе пари во касата на Баварците.
Левандовски има договор со Барса до 2026 година и потенцијално може преку бонусите да му донесе на Баерн вкупно пет милиони. Иако има интерес од Саудиска Арабија, Левандовски потврди дека останува во Барселона.