Тони Крос го одигра својот последен натпревар во клупската кариера. Германската икона на Реал Мадрид доби овации од „Сантијаго Бернабеу“ во емотивна вечер од последното коло во шпанското првенство. Реал ремизираше со Бетис без голови.
Брилијантниот играч за врска мина низ шпалирот што го направија соиграчите пред почетокот на натпреварот, во тие моменти ја гледаше кореографијата што ја подготвија навивачите за неговото збогување, играе до 86. минута, потоа му ја предаде капитенската лента на Лука Модриќ и се упати кон клупата за резерви.
Ќе биде забележано дека од 2014 година до синоќа одигра 464 натпревари за Реал, постигна 28 гола и забележа 98 асистенции, а со клубот освои 22 трофеи. Сето тоа го понесе Крос на вчерашниот натпревар кој го заврши со овации од трибините и овации од соиграчите.
По натпреварот и самиот призна дека добро се справувал со емоциите во тие моменти, а потоа откри што го расплакало.
„Бев доста силен. Се додека не ги видов моите деца. Тоа ме скрши”, призна инаку „ладниот” Германец по испраќањето од теренот, за кое „Марка“, пишува дека било најголемо за еден играч на Реал.
„Тоа беше убав како неговата кариера, возбудлив како неговиот фудбал и огромен како неговата легенда“.
I'll never recover 🥹💔pic.twitter.com/0gEIh0XcEi
— Ele (@EleModric) May 25, 2024