Top Sport

Се ближи крајот на ерата на Гвардиола во Манчестер сити

Пеп Гвардиола и наредната сезона ќе го предводи Манчестер сити, а пооа ќе го напушти клубот. Гвардиола во Сити притигна во 2016 година, освои шест титули во последните седум години и постави рекорд во Премиер лигата, откако неговиот тим четири пати во низа е шампион на Англија.

„Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со клубот и сега чувствувам дека сакам да останам. Останувам следната сезона, тоа е сигурно. Но во текот на сезоната ќе разговараме. Овде сум во клубот осум, девет години… Ќе видиме што ќе биде понатаму“, рече Гвардиола.

„Дејли Мејл“, открива дека неговиот договор истекува во јуни 2025 година и дека нема да потпише нов. Според овој извор наредната сезона ќе иде последна за Гвардиола на „Итихад“.

Гвардиола досега го предводел Сити на 472 натпревари. Оствари 349 победи, 57 нерешени и 66 порази. Шест пати беше шампион во Премиер лигата, а во сезоната 2022/23. на клубот му го донесе и првиот трофеј во Лигата на шампионите.

Scroll to Top