Од наредната сезона Барселона ќе има нов грб. Промената нема да биде радикална, односно на новиот грб ќе ја нема кратенката „ФЦБ (FCB)“, исто така во внатрешноста на грбот ќе ги нема црните линии, се менува и положбата на топката, а црно-бордо пругите се поголеми. Се друго ќе остане исто како и досега.
Сепак како што објави „Мундо депортиво“, ова нема да биде единствената промена што клубот ја планира во иднина. Истиот извор наведува дека челниците на Барселона се подготвени дури и да го сменат името на клубот.
Доколку собранието на клубот го прифати предлогот, клубот во иднина нема да се вика Барселона, туку кратко и едноставно, Барса.
Инаку, кога станува збор за новиот дизајн на грбот, тој мора да биде прифатен од сите членови на собранието, но се очекува дека промената ќе биде прифатена. Ова ќе биде 11. промена на клупскиот грб од основањето на клубот во 1899 година.
Aquesta és la proposta d'evolució de l'escut del Barça.
Se sotmetrà a l'aprovació dels socis a la propera Assemblea
?? pic.twitter.com/8ZXHsq2VQv— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) September 27, 2018