Top Sport

Триото од 140 милиони евра ќе го напушти Арсенал

Арсенал не успеа да ја врати титулата во Лондон, која на „Емирати“ се чека две децении. „Тобџиите“ до последната секунда беа во трка за титулата, на крајот низ целта први минаа фудбалерите на Манчестер сити.

Две недели по завршувањето на сезоната, челниците на Арсенал, заедно со менаџерот Микел Артета, започнаа да ги кројат плановите за наредната сезона. За да го освежи тимот Артета планира да продаде тројца фудбалери за чии трансфери клубот плати 140 милиони евра.

Новинарите кои го следат Арсенал тврдат дека на продажба се Томас Парти, Габриел Жесус и Фабио Виеира. Трансферите на Виеира и Жесус клубот го чинеа 35, односно 52 милиони евра во 2022 година, а за Парти клубот издвои 50 милиони евра.

Иако Парти на крајот од сезоната се врати во стартниот состав, Артета смета дека му треба поквалитетен дефанзивен играч во редот за врска. Негова цел е Мартин Зубименди чија откупна клаузула во Реал Сосиедад е 60 милиони евра.

Виеира не играше оваа сезона, најчесто беше резерва и не е чудот што Артена повеќе не смета на него. Жеусу играше по системот топло-ладно, најмногу поради проблемите со коленото.

Артета сака голгетер, а на спиското му се Александер Исак (Њукасл), Виктор Ѓекереш (Спортинг) и Бенјамин Шешко (Лајпциг).

Scroll to Top