Top Sport

Самп го доби дербито на Џенова

Македонскиот капитен Горан Пандев и неговата Џенова загубија со 0:2 во градското дерби од Сампдорија за да паднат на претпоследното место во Серија А со третиот пораз во низа.

Ретко кога разликата во поени на популарното „Дерби дела лантерна“ била толку различна – додека Сампдорија е на добар пат да се бори за место во Европа, за Џенова останува чистата борба за опстанок во елитата.

„Грифоне“ има само една победа во 12 натпревари, со што позицијата на тренерот Иван Јуриќ е целосно разнишана.

Уругваецот Гастон Рамирез донесе водство за Самп во 27. минута, по што во 84. минута, ветеранот Фабио Кваљарела го постигна својот седми гол оваа сезона за запечатување на победата. Горан Пандев влезе како замена во 67. минута од мечот.

Ако ништо друго, дербито се одликуваше со одлична кореографија и атмосфера на двете навивачки групи.

Scroll to Top