Top Sport

Ново фантастично видео за Кристијано Роналдо Јуниор

Малку од професионалните фудбалери кои играат овој викенд ќе добијат 7 милиони прегледи, но тоа му успеа на седумгодишниот Кристијано Роналдо Јуниор, славниот син, на уште пославниот фудбалер на Реал Мадрид.

Роналдо беше тивок на социјалните мрежи по поразот од 3:1 од Тотенхем, но во саботата, тој реши да сподели видео на неговиот син во акција против други негови врсници. Прославата е посебно интересна бидејќи сосема наликува на неговиот татко.

Долго време семејството на Роналдо беше составено само од Кристијано и Кристијано Јуниор. Сега, неодамна Роналдо доби близнаци од сурогат-мајка, а неговата девојка Георгина Родригез исто така очекува бебе. Ќе видиме дали гените ќе го направат истото и кај другите деца на Португалецот.

⚽️?

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

И Роналдо јуниор има „осет“ за фудбал

Scroll to Top