Кошаркарскиот клуб Барселона е во потрага по нов тренер, тврдат медиумите. Дебитантот Роџер Гримау не ги исполни очекувањата. Барселона не успеа да го освои националниот Куп, не успеа да се пласира на завршниот турнир во Евролигата, а во шампионатото имаат тешка задача да дојдат до титулата, бидејќи во полуфиналето ќе играат против најголемиот ривал Реал.
Како што пренесува грчкиот „Спорт24“, Барселона е во потрага по нов тренер, а најсериозен кандидат е Димитрис Итудис, кој е пет месеци без работа откако доби отказ во Фенербахче..
Грчкиот тренер има успешена кариера во Евролигата. Со тимот на ЦСКА двапати го освои најпрестижното европско клупско натпреварување во 2016 и 2019 година. Во Москва помина осум години, а во кариерата беше тренер на ПАОК, Филипос, МЕНТ, Банвит, Фенербахче, а беше селектор и на грчката репрезентација.
Итудис има богато евролигашко искуство, шест пати со своите тимови бил учесник на завршните турнири.