Top Sport

(Видео) Леонардо Бонучи замина во пензија

Еден од најдобрите централни дефанзивци во 21 век, Леонардо Бонучи, реши да стави крај на својата трофејна фудбалска кариера.

Првите фудбалски чекори ги направи во нисколигашот Витербезе, а потоа во 2005 година се пресели во Интер каде не се задржа долго.

Потоа играше за Тревизо, Џенова, Бари, а потоа и за Јувентус од 2010 година.

Седум години играше за „старата дама“, во сите тие сезони ја освојуваше титулата во Серија А, а потоа во 2017 година се пресели во Милан.

Се врати по само една година, а во Торино помина уште пет сезони.

Минатата сезона беше тешка за него, откако стана вишок во Јувентус се пресели во Унион Берлин, но по само шест месеци замина на позајмица во Фенербахче во чии дрес стави крај на кариерата.

Бонучи во кариерата освои осум шампионски титули во Италија со Јувентус и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Во 2016 година беше прогласен за најдобар играч на италијанското првенство.

Со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство во 2021 година, а во финалето беше стрелец и беше прогласен за играч на натпреварот.

Вкупно за репрезентацијата одигра 121 натпревар.

Scroll to Top