Top Sport

(Видео) Незаборавен момент за Карвахал – Татко му на на коњ го пречека во Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид, вчера беа пречекани во главниот град на Шпанија по освојувањето на 15-та титула во Лигата на шампионите. Во центарот на вниманието беше стрелецот на првиот гол во финалето, Дани Карвахал.

Десниот бек на Реал имаше специјална придружба. Го пречека татко му, и тоа не во цивилна облека меѓу навивачите кои во голем број се собраа да ги поздрават шампионите, туку на коњ, како припадник на полициската бригада.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');