Јувентус го победи Наполи 3.1 и по седум кола го задржа максималниот ефект во Серија А. Со оваа победа разликата помеѓу двата тима е шест бода. Мечот го реши Марио Манџукиќ кој ги постигна првите два гола за Јувентус.
Гостите од Неапол први постигнаа гол. Дрис Мертенс во 10.минута ја заврши брилијантната акција на соиграчите.
Јувентус израмни во 26.минута. Кристијано Роналдо испрати центаршут, а Манџукиќ од непосредна близина ја смести топката во мрежата.
Овие двајца го креираа и вториот гол. По ударот на Роналдо топката од дирекот се одби на ногата на Манџукиќ, а Хрватот и втор пат се редуваше на гол.
Наполи од 58.минута играше без исклучениот Марио Риу. Неколку минути потоа Хизе Каљехон не успеа да реализира чиста шанса. Казната стигна во 76.минута кога Леонардо Бонучи го постигна третиот гол. Асистен повторно беше Роналдо.
Јувентус по седум кола има 21 бод, а Наполи остана на 15.