Top Sport

Алан Ширер: Мурињо ќе добие отказ

„Мислам дека Жозе Мурињо ќе добие отказ“, коментирал прославениот англиски голгетер Алан Ширер, по поразот на Манчестер јунајтед од Вест Хем (3:1).

Манчестер јунајтед го доживеа третиот пораз во последните седум натпревари, што само ги зголеми шпекулациите дека наскоро менаџерот Жозе Мурињо ќе добие отказ.

Најпрвин поранешниот играч на Јунајтед, Рио Фердинанд, рекол дека „шефовите ќе мора да донесат решении без глед на последиците“, а по него се огласи и Ширер.

„Мислам дека Мурињо ќе добие отказ. Не гледам како може да ги сврти работите. Денес беа лоши од почетокот до крајот. Бавни, летаргични, многу слаби“, рекол Ширер.

Дали Мурињо ќе остане менаџер на Манчестер јунајтед веројатно ќе биде познато во наредните неколку дена.

Scroll to Top