Новак Ѓоковиќ одигра уште еден епски меч на Ролан Гарос. Светскиот број 1 во осминафиналето по четири часа и 39 минути беше посилен од повредата и 23. носител на турнирот Аргентинецот Франциско Серундоло.
Ѓоковиќ славеше во пет сета со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:4. Србинот во претходната рунда играше четири и 26 минути и сега се поставува прашањето, под услови неговото колено да биде како треба, како ќе го издржи наредниот дуел.
Откако рутински го доби првиот сет, Ѓоковиќ на почетокот на вториот побара лекарска помош. Се пожали на болка во пределот на десното колено. До крајот на вториот сет, кој Серундоло го доби се брејк во 11.гем, лекарот константно беше присутен на секоја пауза.
Проблемите со коленото кај Ѓоковиќ беа евидентни во третиот сет. Видливо беше дека тешко се движи. Аргентинецот го искористи тоа со 6:3 направи пресврт и поврде со 1:2 во сетови.
Дали лековите што ги доби против болка почнаа да делуваат во четвртиот сет, тоа знае само Ѓоковиќ, но тој полека започна да го крева нивото на играта. Направи брејк во седмиот гем, а од тој момент освои шест од наредните седум гемови. Не само што изедначи во сетови туки и поведе со 2:0 во решавачкиот сет. Серундолу сепак успеа да го врати брејкот, а потоа гледавме нестварна борба.
Брејк направи Ѓоковиќ во деветтиот гем и тоа во ситуација кога Серундоло имаше 40:0. На крајот релатвно лесно го доби својот сервис и прослави уште една неверојатна победа.
„Денес, уште еднаш, голема, голема благодарност. Како и на претходниот меч, победата е ваша. Ова е ваша победа и против Мусети губев со 1:2, беше 2:2 во 4. сет, енергиите се сменија, ми дадовте енергија и вечерва. Благодарам, што да кажам. Ова можеби беше меч кој можев да го загубам, бев на неколку поени до пораз, му честитам на Серундоло за начинот на кој играше. Направи да ми биде тешко. Како го најдов патот до победата, не знам. Единственото објаснување сте вие“, рече Новак по мечот.
Во четвртфиналето ќе игра против Тејлор Фриц или Каспер Руд.