Top Sport

Барди се сели во Серија А?

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди ја заврши својата мисија во Трабзон. Тој има договор до јуни 2025 година, но сигурно го напушта клубот во летниот преоден рок, прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата.

Енис Барди во Трабзон дојде од Леванте, за клубот сезонава одигра 42 натпревари, постигна седум гола и забележа шест асистенции. Барди пред месеци беше пред трансфер, во Унион Берлин, но на крајот остана во Трабзон.

Според медиумите негова следна дестинација ќе биде Серија А. Сериозен интерес за него покажал Торино.

Доколку клубовите се договорат околу обесштетувањето, Барди од наредната сезона ќе игра во Италија.

Scroll to Top