Игор Тудор од вчера не е тренер на Лацио. Хрватот по само три месеци го напушти клубот, откако претседателот Клаудио Лотито не се согласил со неговите планови околу тоа како треба да изгледа тимот во новата сезона.
Дел од италијанските медиуми, вчера пишуваа дека е можно Маурицио Сари да се врати во Лацио. Јасно е дека оваа опција не е возможна, но можно е на „Олимпико“ да дојде Масимилијано Алегри, кој во финишот на сезоната доби отказ во Јувентус.
Доколку не успее да се договори со него, Лотито ќе отвори преговори со Мирослав Клосе и Марко Баркони.