Top Sport

(Видео) Тежок инцидент на трката Критериум де Дофин, повредени 50 велосипедисти

Петтата етапа од еднонеделната трка Критериум де Дофин беше прекината по големиот инцидент кој учествуваа околу 50 велосипедисти.

Меѓу нив беа и Словенецот Примож Роглич, член на тимот на Бора и Белгиецот Ремко Евенепул од Саундал Квикстеп.

Етапата долга 167 километри се возеше по тешка и лизгава патека.

Се се случило на 20-ина километри пред целта, а по масовниот судир немало доволно медицински возила за да се пружи помош, па организаторите морале да реагираат.

Етапата е откажана, нема да има етапен победник и во конечното време нема да се смета резултатот од оваа етапа.

Она што засега е познато е дека меѓу оние кои биле пренесени со амбулантни возила биле и Ван Барле и Крујсвијк.

Ремко Евенпул по овој инцидент изјавил дека „ова е црн ден за велосипедизмот“.

Scroll to Top