Роберто де Зерби на крајот од сезоната го напушти Брајтон и со тоа стави крај на одличниот период во клубот од јужна Англија.
Италијанскиот стручњак е минато, а сегашноста и иднината на Брајтон е 31-годишен тренер кој пристигнува од Германија.
Медиумите шепекулираа дека Геем Потер ќе се врати во Брајтон, меѓутоа чениците решија да го ангажираат Фабијан Хирцелер.
Како што пренесуваат германските и британските медиуми, веќе е постигнат вербален договор помеѓу Брајтон и младиот тренер, останува уште клубовите да го договороат трансферот.
Хирцелер не е многу познато име во светот на фудбалот, но вниманието го привлече оваа сезона кога со Сент Паули избори промоција во Бундеслигата.