Состанокот се одржа.
Во вторникот, директорот и одговорниот од Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф и Томас Тухел, германскиот тренер, разговараа за потенцијална соработка. Тие беа во Монако на вечера, за што денеска пишуваа германските медиуми.
Ерик тен Хаг наскоро би можел да биде бивш бидејќи не направи сериозен резултат во првенството, а освојувањето на ФА Купот најверојатно нема да го остави на клупата на овој тим.
Тухел го претстави својот план и неговите желби, има критериуми под кои нема да оди и сега се е на Ретклиф.
Германскиот стручњак го напушти Баерн на крајот од оваа сезона, а еднаш изјави дека има „незавршена работа“ во Премиер лигата.
Сер Џим Ретклиф веројатно нема да дозволи долго чекање бидејќи сака да има тренер за следната сезона во следните неколку недели.
По оваа средба се чини дека сме се поблиску до тоа кој ќе биде новиот стручњак на Манчестер Јунајтед…