Top Sport

Американците преку Србија до одбојкарската бронза

САД го освои бронзениот медал на Светското првенство во одбојка во Италија и Бугарија, откако во интересен меч во четири сета со 3:1 (23:25, 25:17, 32:30, 25:19) ја совладаа Србија.

Србите одиграа еден добар сет за да поведат со 1:0, но потоа, Американците прво лесно израмнија на 1:1, па во драматичниот трет сет, САД да стигне до 32:30 предност. Ова е прв медал за Американците на Светското првенство од 1994 година.

Метју Андерсон беше најубедлив во американскиот тим со 29 поени, додека кај Србите најефикасен беше Дражен Лубуриќ со 12 поени.

Во финалето од 21.15 часот играат Полска и Бразил.

Scroll to Top