Top Sport

Барнли ги остави Кардиф без победа (видео)

Барнли, конечно, сврза две победи во низа, откако триумфираше со 2:1 на тешкото гостување во Велс кај Кардиф сити, додека новиот премиерлигаш е еден од трите тимови кои уште немаат победа во новата сезона (покрај Њукасл и Хадерсфилд).

Барнли дојде во водство преку Јохан Берг Гудмундсон во 51. минута, но домаќините бргу вратија во 60. минута преку Џош Марфи, за трите поени на тимот на Шон Дајч да ги обезбеди Сем Воукс во 70. минута.

Scroll to Top