Рафаел Надал нема да игра на третиот грен слем во сезоната, Вимблдон, откри селекторот на шпанскиот олимписки тим, Давид Ферер.
Надал ќе го пропушти неофицијалното светско првенство во тенис за да се подготви за Олимписките игри во Париз.
Славниот Шпанец последен пат на Вилблдон настапи во 2022 година, кога беше елиминиран во четвртфиналето.
Надал, поради повредата малку играше во псоледните 18 месеци. Пред две недели настапи на Ролан Гарос, беше елиминиран во првото коло од Александар Зверев.
Надал на Олимписките игри ќе настапи во сингл и во дубл со Карлос Алкараз.
Тој веќе има две олимписки злата, едно во сингл во Пекинг во 2008 година и едно во двојки со Марк Лопез од Рио пред осум години.
Олимписките игри почнуваат на 26 јули.