Фабијан Херцелер е новиот тренер на Брајтон. Германскиот стручњак кој има само 31 година ќе го наследи Роберто Де Зерби на клупата и ќе биде најмладиот тренер во Премиер лигата.
Минатата сезона Херцелер седна на клупата на Сент Паули и успеа со клубот од Хамбург да избори промоција во Бундес лигата.
Името на младиот тренер во еден период се поврзуваше и со Баерн Минехн. Останува само клубовите да се договорат за обештетувањето, по што тренерот ќе го потпише договор.