Шпанскиот кошаркарски стручњак Жоан Пењароја ќе го преземе тимот на Барселона.
Според шпанските медиуми, Пењароја договорил двегодишна соработка со Каталонците.
Барселона, под водство на Роџер Гримау имаше скромна сезона, во Евролигата испаднаа во Топ 8 фазата од натпреварувањето кога пред своите гледачи го загубија петтиот меч од Олимпијакос, а во шпанската АЦБ лига беа убедливо поразени од Реал Мадрид во полуфиналето.
Се шпекулираше дека Димитрис Итудис би можел да го замени Гримау, но челниците на Барселона се одлучија за Жоан Пењароја.
Пењароја го привлече вниманието како тренер на Валенсија, минатата сезона бележеше добри резултати со Басконија, но на почетокот на оваа по серијата лоши резултати во Евролигата доби отказ.
Јасно е дека клупата на Барселона ќе биде најголемиот предизвик во неговата досегашна кариера.