Шкотските навивачи познати под името „татран Арми“, приредија незаборавна атмосфера во најголемиот град на германската покраина Баварија, Минхен. Вчерва од 21 часот, на стадионот на Баерн, Германија и Шкотска ќе го отворат 17. Европско првенство во фудбал.
Шкотите се апсолутен хит на ЕП во Германија. Шкотска е аутсајдер во дуелот со домаќинот Германија на отворањето на континенталниот шампионат, но нивните навивачи засега ги засенија сите останати.
Според некои прогнози во Минхен има околу 200.000 шкотски навивачи, лудо се забавуваат од вчера. Јасно е дека мал дел од нив ќе ја имаат привилегијата да бидат на „Алијанц арена“ и во живо да го следатт првиот натпревар на ЕУРО 2024.
Но, нема да биде лошо ниту во пабовите во Минхен, Шкотите ќе знаат да направат одлична атмосфера таму.