Top Sport

Наполи: Кварацхелија е под договор, не е менаџерот тој што решава каде ќе оди фудбалерот

Преодниот рок во Европа ќе започне за две недели, а веќе се најавува дека во центарот на вниманието ќе биде крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија.

Минатата недела, италијанските медиуми откријадека Наполи одбил 100 милиони евра од ПСЖ за Грузиецот. Ставот на клубот е дека новиот тренер, Антонио Конте планира екипата да ја гради околу Кварацхелија.

Спротивно на ова, луѓето околу Кварцхелија сметаат дека тој треба да го напушти клубот. Доцна синоќа силно одекнаа изјавите на таткото на фудбалерот Бадри и менаџерот, Мамука Југели.

„Приоритет е екипа која игра во Лигата на шампионите. Не сакам луѓето да мислат дека Квара сака да остане во Наполи. Сакаме да си одиме, но го чекаме крајот на ЕП за да не ја нарушиме Кварчелија“, рече менаџерот Југели во изјава за грузиски Спорт Имеди.

„Не сакам луѓето да мислат дека Квара сака да остане во Наполи. Сакаме да си одиме, но го чекаме крајот на ЕП за да не го вознемириме Кварацхелија“.

Сличен став има и таткото на фудбалерот Бадри Кварацхелија.

„Не сакам мојот син да остане во Наполи. Минатата сезона беа сменети тројца тренери и тешко е да се игра во таква ситуација“.

Наполи веднаш реагираше, во јавноста се обрати со соопштение.

„По изјавата на менаџерот на Квича, потсетуваме дека тој е под договор до јуни 2027 година. Квича не е на продажба. Не е менаџерот тој што решава каде ќе оди фудбалерот, тоа може да го направи само Наполи бидејќи Квича има договоро со клубот“.

Кварацхелија во Наполи пристигна во 2022 година од Динамо Батуми за 15 милиони евра. Според „Трансфермаркт“ тој вреди 80 милиони евра.

Scroll to Top