Репрезентацијата на Словачка го приреди најголемото изненадување од почетокот на Европското првенство. Словаците, во вториот меч во Е групата, на стадионот во Франкфурт, ја победија Белгија со 1:0 (1:0). Единствениот гол го постигна Шранц во седмата минута. Белгициите немаа среќа да останат непоразени, ВАР му поништи два гола на Лукаку.
Белгија во првиот напад имашр голема шанса за гол, акцијата на Доку не успеа да ја заврши Лукаку, кој од седум-осум метри го погоди голманот Дубравка.
Казната за нереализираната шанса експресно ги стигна Белгијците. Дуку погреши пред својот гол, а Шранц го совлада Кастелс. Лукаку до крајот на мечот ќе пропушти уште седум-осум чисти прилики. Два гола му поништи ВАР, првиот поради офсајд, а вториот бидејќи асистентот Опенда на почетокот на акцијата играше со рака.
Голема шанса имаше и Бакајоко во второто полувреме, но по неговиот удар, топката од гол линијата ја исфрли Ханцко.
Словаците сосема заслужено со победа го отворија Европското првенство. Играа храбро и дисциплинирано од првата до последната минута. Блескаше дефанзивната линија на чело со голманот на Њукасл, Дубравка.
Неговиот колега од другата страна на теренот, Кастелс, во неколку наврати се истакна, но тоа не му помогна на неговиот тим на крајот да освои барем еден бод.
Во групата Е Романија сега е во водство по убедливата победа против Украина, три бода има и Словачка.
Во второто коло, на 22 јуни, Белгија игра против Романија, Словачка ден порано ќе игра со Украина.