Последниот избор за фудбалер на годината ги разлутил челниците на ФИФА, особено лут бил првиот човек на оваа организација Џани Инфантино.
Кристијано Роналдо и Лионел Меси, не се појавија на гала вечерта што ФИФА ја организираше во Лондон. Отсуството на овој двајца предизвикало длабоко разочарување кај Инфантино.
Португалецот и Аргентинецот цела деценија беа лауреати, двајцата имаат по пет награди. Оваа година нивниот монопол го растури Лука Модриќ. Разочарани што се најде некој да ја прекине нивната доминација, двајцата решија да не се појават во Лондон.
Меси ја пропуштил церемонијата поради семејни обврски, а Роналдо поради обврските кон клубот.
ФИФА во иднина бара начин како да ги натера сите светски ѕвезди да присуствуваат на оваа церемонија, на која светската организација троши милиони евра.
Споретскиот весник со седиште во Мадрид „АС“, тврди дека Инфантино ангажирал правници кои треба да изнајдат начин со кој на светски ѕвезди ќе им биде оневозможено да ги бојкотираат ваквите церемонии.