Top Sport

Купер го презеде Лестер

Фудбалскиот клуб Лестер денеска го назначи Стив Купер за нов тренер.

Купер потпиша тригодишен договор со Лестер, кој оваа сезона се врати во Премиер лигата.

Тој е без работа откако беше отпуштен од Нотингем Форест во декември.

„Навистина сум возбуден и горд што сум назначен за менаџер на Лестер. Ова е фантастичен клуб со богата историја, со страсни навивачи. Возбуден сум што ќе работам со талентиран тим и со нетрпение го очекувам предизвикот и остварувањето на нашите заеднички амбиции во Премиер лигата“, изјави Купер.

Лестер бараше тренер откако Енцо Мареска го напушти клубот на почетокот на месецот за да го преземе Челзи.

Мареска го презеде Лестер на почетокот на минатата сезона и го предводеше клубот до директна промоција во Премиер лигата.

Scroll to Top