Top Sport

(Видео) Варга без свест изнесен од теренот

Драма на теренот во Штутгарт, која потсети на онаа од пред три години кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот, го обележа дуелот меѓу Унгарија и Шкотска.

Напаѓачот на Унгарија, Барнабас Варга остана без свест да лежи на теренот.

Варга доби удар од од голманот на Шкотска, Ган, при една интервенција, кога повреди и еден свој соиграч. Варга остана без свест, а Унгарците полудеа на лекарската екипа, која многу бавно влегуваше на теренот.

Околу осум минути на Варга му се укажуваше помош на теренот, потоа на носилки беше однесен до амбулантното возило кое го префрли во болницата во Штутгарт.

Scroll to Top