Top Sport

Стивенс и Пављученкова ќе се испотепаа (видео)

Мечот од првото коло на Пекинг опен донесе еден интересен дуел помеѓу Американката Слоун Стивенс и Русинката Анастасија Пављученкова, кој за среќа заврши само со вербална пресметка.

Расправијата започна кога Стивенс имаше 5:2 предност и Пављученкова побара медицинска пауза поради болки во рамото, но Стивенс не и веруваше. Таа сметаше дека противничката нема повреда туку дека само сака да го наруши ритамот на игра, а интервенираше и судијката од столче за да не дојде до инцидент.

По ова, во третиот сет, Американката беше „фатена“ од камерите како вели: ’Оваа ебана кучка сакаше да ме погоди’ при еден долг гем.

Стивенс на крајот победи со 6:7/6:4/6:4.

Scroll to Top