Top Sport

Германските навивачи не се задоволни од Каи Хaверц

Навивачите на Германија сакаат Хаверц да се пресели на репрезентативната клупа.

Љубителите на фудбалот во Германија не се задоволни од настапите на Каи Хаверц во репрезентативниот дрес.

Германија се пласираше во нокаут фазата на турнирот на кој е домаќин, но Хаверц не се покажа во вистинско светло, особено на последниот меч во групата А, со Швајцарија (1:1).

Во одредени медиуми беше оценет многу лошо, па така на скала од 5 до 10 доби оцена 5 на анкетата во која учествуваа огромен број фанови.

Scroll to Top