Top Sport

Оклахома го избра Топиќ

Српскиот кошаркар Никола Топиќ ќе може да игра за Оклахома која го избра како 12. пик на драфтот.

На Топиќ му предвидуваа повисока позиција, а повредата на коленото веројатно влијаеше на крајниот исход.

Првата и втората позиција им припадна на Французите Захари Ризаше и Алекс Сар, додека Рид Шепард го освои третото место.

Како 12-ти пик на драфтот во 2024 година, Оклахома Сити Тандер ги избра Никола Топиќ од Србија и белградска Црвена звезда.

Во текот на претходната сезона, српскиот кошаркар важеше за еден од кандидатите за првите пет места на драфтот, но на крајниот исход веројатно влијаеше повредата во јануари, која ја санираше во мај  на првиот натпревар од финалната серија од АБА лигата против Партизан.

Scroll to Top