Top Sport

Не ми веруваа кој сум !?

Помошникот на селекторот на Словачка и легенда на Наполи, Марек Хамшик, раскажа анегдота во пресрет на осминафиналето на Европското првенство против Англија в недела во 18 часот.

„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат. Се шетав пред некој ден и група македонски фанови сакаа да се фотографираат, но сакаа фотографијата да им ја направам јас.

Го сторив тоа и им кажав дека го познавам  (поранешен) капитен на Македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев.

Не ми веруваа, но потоа проверија на „Гугл“… После тоа ме препознаа, па заедно се фотографиравме“, раскажува 36-годишниот Хамшик, сега без препознатливиот „хирокан“ познат по своите играчки денови.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');