Top Sport

Саутгејт размислувал да го извади Белингем од игра

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт откри дека размислувал да го извади Џуд Белингем од игра.

„Горд сум на овие играчи за духот кој го покажаа. Белингем? Фантастичен е. Размислував дали да го заменам, но знаете дека тој е способен за вакви моменти. Кејн е исклучително добар голгетер, беше фантастичен како капитен и ни помогна да ја задржиме стабилноста“, изјави Саутгејт.

Англиската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето од Европското првенство во Германија.

Џуд Белингем ги спаси Англичаните со голот во 94. минута на мечот со Словачка.

Scroll to Top