Top Sport

Роналдо фудбалскиот идол на Килијан Мбапе

Кога бил мал, во својата соба имал огромен постер од Роналдо.

Кога се запознале, станал негов најдобар советник. Францускиот напаѓач Килијан Мбапе (25) израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот, но и сега со голема почит зборува за тоа колку Кристијано Роналдо му помогнал во кариерата.

Сите знаат колку му се восхитувам како играч. Имав среќа да бидам со него рамо до рамо, да го сретнам и да разговараме. Сè уште сме во контакт. Секогаш ми помага, и ме советува.

За мене е чест, особено кога размислуваме што направил за светот на фудбалот.

Без разлика што се случувало претходно или што ќе се случи потоа, тој ќе биде фудбалска легенда – изјави Мбапе.

Мбапе од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид, па некои веќе го прогласија за наследник на Кристијано

„Не, тој е единствен. Има само еден Кристијано Роналдо, секогаш ќе има само еден.

Одам по својот пат. Мојот сон да играм за Реал Мадрид станува реалност.

Се надевам дека ќе можам да оставам белег и на фудбалот, но нема да го пишувам следното поглавје на Кристијано Роналдо“, изјави францускиот напаѓач.

 

 

Scroll to Top