Top Sport

(ВИДЕО) Пеналите го одлучија победникот

Фудбалската репрезентација на Франција ја совлада селекцијата на Португалија по изведување на пеналите и се пласираше во полуфиналето на Европското фудбалско првенство, каде ќе ги пречека репрезентацијата на Шпанија.

Натпреварот започна во добар ритам, но во првите десет минути немаше поголеми прилики.

На првата вистинска шанса чекавме до 16. минута. Бруно Фернандеш шутираше од 20 метри, но Салиба го одби неговиот удар во корнер.

Три минути подоцна, Французите одговорија. Тео Ернандез ја прими топката на работ од шеснаесетникот и шутираше силно, но Диого Коста беше добро поставен и го одбрани неговиот удар.

Тоа беше практично сè во првото полувреме кое не изобилуваше со добра игра или шанси за гол.

Почетокот на второто полувреме беше подинамичен. Добра прилика имаше Мендеш во 51. минута. Португалскиот дефанзивец падна, но без контакт со францускиот фудбалер. Судијата Мајкл Оливер донесе правилна одлука и даде знак за продолжување на играта.

Во 61. минута Мајк Мањан мораше да го спасува францускиот гол.

По продолженијата без голови, Дембеле го изведе пеналот и беше сигурен, додека Кристијано Роналдо го изведе првиот удар за Португалија и исто така погоди.

Во втората серија за триколорите стрелаше резервистот Фофана. Коста се фрли на страна, но топката помина низ средината на голот. На другата страна Бернардо Силва шутираше високо десно.

Третата серија ја започна Жил Кунде. Кунде се погрижи со шут високо лево, иако Коста бранеше на истата страна. За Португалија следниот пенал го изведе Жоао Феликс, Мањан му попречи, а Феликс ја погоди стативата.

Во четвртата серија Баркола стрелаше за Французите. Го испрати Коста во една, а топката во друга насока. За Португалија, Мендеш ја смести топката на белата точка и беше сигурен.

Тео Ернандез имаше шанса да ја заврши работата за Французите и постигна гол. Франција во полуфиналето ќе се соочи со Шпанија.

Scroll to Top