Top Sport

(Видео) Англичаните по елиминацијата ги испровоцираа Германците, а потоа следеше пресметка

Домашните навивачи во Штутгарт доживеаја големо разочарување во петокот, бидејќи нивната Германија беше елиминирана од Шпанија по продолженијата.
Двете селекции кои досега имаа најмногу настапи на ЕП се сретнаа по волја на ждрепката и една селекција мораше да тагува.

Микел Мерино стана херој на својата земја во 119. минута, што секако предизвика голем гнев кај Германците и ги уби нивните надежи и соништа за пехарот.

Работата да биде уште полоша, по мечот Англичаните на улица пречекаа поединци, неколку од нив испратија провокации, а потоа настана хаос.

Видеото покажува како настанува конфликт, но и како ситуацијата брзо се смирува.

Scroll to Top