Top Sport

Дали знаете кој е најбрзиот фудбалер на ЕП 2024?

Официјалниот профил на УЕФА ја објави листата на најбрзите играчи на овогодинешното Европско првенство во Германија.

Фудбалерите од сите селекции се подложени на комплетни статистички анализи, а малкумина се издвојуваат на врвот на секоја листа – по добро или  лошо.

УЕФА ја анализираше брзината на сите играчи на ЕП 2024 и ги создаде првите 10.

Првото место, многумина ќе кажат очекувано, го држи Французинот Килијан Мбапе со брзина од 36,5 км/ч.

По него е Шпанецот Феран Торес, кој трча половина километар на час побавно од Мбапе.

Бенјамин Шешко изненадувачки се најде на самиот врв. Словенецот за време на еврото постигна брзина од 35,9 км/ч.

 

Scroll to Top