Top Sport

Патот на Англија до полуфинале

По Шпанците кои станаа  првиот учесник во финалето на ЕП, вториот финалист ќе биде познат по дуелот на екипите кои беа дел од „послабата“ половина на ждрепката.

Англичаните успеаа да се пласираат во полуфиналето во кое се фаворити само благодарение на статусот и вредноста на своите играчи.

Холандија од вториот план, по малку полошата групна фаза и многу подобрата нокаут фаза, го најде своето место меѓу четирите најдобри селекции.

Натпреварот ќе се игра во Дортмунд, а главен судија ќе биде Феликс Цвајер.

Англичаните ја забележаа единствената победа за деведесет минути против Србија во првото коло од групната фаза.

После тоа четири пати ремизираа, со само три постигнати гола во регуларниот дел од тие натпревари.

Поведоа против Данска, но на крајот мораа да се грижат за еден бод, додека против Словенија го одиграа веројатно најслабиот натпревар на турнирот.

Брук во осминафиналето го спаси Џуд Белингем со мајсторски гол со кој ја растури Словачка, а најзаслужни за триумфот против Швајцарија во полуфиналето беа Букајо Сака и Џордан Пикфорд.

 

Scroll to Top