Англија на „мускули“ стигна до финалето на ЕП, второ по ред, а таму ќе ја чека Шпанија. Во Фудбалската асоцијација (ФА) веќе размислуваат за следниот циклус во кој повторно на клупата го гледаат Герет Саутгејт.
Англија чека на трофеј на големите натпреварувања од 1966 година кога единствен пат го освои Светското првенство. Никогаш не победиле на најголемото натпреварување на Стариот континент, а во недела ќе имаат можност да го сторат тоа.
Герет Саутгејт е на клупата на Англија осум години, поточно од фијаското на Англија на ЕУРО 2016 кога загубија од Исланд.
Уште пред почетокот на овогодинешното ЕП имаше полемики околу тоа дали Саутгејт ќе остане, а заклучокот е дека ФА сака да го задржи искусниот тренер, без разлика на резултатот од неделното финале.
Саутгејт уште пред почетокот на Европското првенство изјави дека ќе се повлече од селекторската функција доколку Англија не победи на натпреварувањето, сепак веќе се започнати преговори околу продолжување на соработката.
Англичаните не блескаат на ЕП но сепак стигнаа до финалето во кое со репрезентацијата на Шпанија в недела ќе се борат трофејот.