Top Sport

Родри нема намера да го напушти Манчестер сити

Родри, најдобриот дефанзивен играч за врска во светот, блеска, како и целата репрезентација на Шпанија на ЕП. Шпанците, в недела ќе се брат за титулата на континенталниот шампионат.

Вчера, многу прашина крена изјавата на Дани Карвахел, дека секојдневно го убедува Родри да се пресели во Реал Мадрид.

Откако сите светски медиуми ја пренесоа изјавата на десниот бек на Реал, Родри мораше да се огласи.

„Многу, многу сум среќен во Англија. Обожавам да играм во дресот на Манчестер сити, бидејќи тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Имам договор и за следните три години, и кога ќе дојде време тогаш ќе размислам и ќе разговарам за мојата инднина, сега нема причина за такви работи“, рече Родри.

Scroll to Top