Top Sport

Богатство чини еден билет за утрешното финале на Вилмблдон

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, утре ќе се сретнат во финалето на Вимблдон. Ден пред финалето цената на билетите достигна неверојатна цена. Секој оној што ќе сака да го гледа мечот, а се реши билет да купи денес или утре ќе треба да издвои вистинско богатство.

Според компанијата „Тик Пик“ која продава билети за ексклузивни настани, најевтиниот билет за утрешното финале надмина цена од 10.000 долари.

И тоа е најскапото „парче хартија“ за спортски настан во историјата Денеска најевтиниот билет е 10.600 долари, а цената како што одминува полека се зголемува.

Ѓоковиќ утре ќе игра за својот осми Вимблдон и 25. Грен слем трофеј во кариерата, додека Алкараз ќе се обиде да го одбрани пехарот освоен пред една година.

Scroll to Top