Хулијан Алварез (24), сака да го напушти Манчестер сити. „Ел Чирингито“, тврди дека Аргентинецот намерата им ја соопштил на клупските челници. Сепак, конечниот збор околу евентуалниот трансфер ќе го има тренерот Пеп Гвардиола.
Хулијан Алварез е „магнет за трофеи“, веќе освоил 14, а во ноќта пред нас со Аргентина ќе се обидеа да го одбрани трофејот на Копа Америка.
За разлика од Манчестер сити, во репрезентацијата на Аргентина, Алварез има важна улога. Иако минатата сезона постигна 19 гол и забележа 13 асистенции, прва опција во нападот на Сити е Ерлинг Халанд. За Гвардиола, Алварез е прва опција на клуата за резерви.
Ваквата улога повеќе не му се допаѓа на Аргентинецот, поради што побарал трансфер. Ги известил клупските челници да му постават реална цена на пазарот што би можеле да ја платат заинтересираните клубови во Европа. „Трансфермаркт“ моментално го цени на 90.000.000 евра.
Алварез зад себе има неверојатна серија на трофеи.
Со својот матичен клуб Ривер Плата освои се што можеше во Аргентина и Јужна Америка. Два купа, шампионска титула, Суперкуп, Копа Либертадорес и Суперкуп на Јужна Америка.
Со аргентинската репрезентација го освои Светското првенство, Копа Америка и „Финалисима“.
Во Сити е само две години, а веќе ги освои сите можни трофеи во Европа и во Англија, освен двата најмали, Лига купот и Комјунити шилд.
Два пати ја освои Премиер лигата, еднаш Лигата на шампионите, како и ФА Купот, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.
Вкупно има 14 трофеи во сениорската кариера.