Top Sport

Импресивна сезона на Феде Валверде

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и уругвајската репрезентација Феде Валверде има импресивна сезона зад себе.

Сезоната ја заврши со победа, бронзениот медал на Копа Америка едвај ги задоволи Уругвајците и Валверде, но играчот од средниот ред на Реал сепак испиша историја.

Верувале или не, Валверде оваа сезона одигра неверојатни 67 натпревари за Реал Мадрид и Уругвај.

Попатно со Реал ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија, а за Реал постигна три гола и запиша осум асистенции и на теренот мина неверојатни 4.280 минути.

Сега оди на заслужен одмор, а по враќањето го чека легендарната „осумка“ на грбот која ја наследи од Тони Крос.

Scroll to Top