Top Sport

(Видео) Шпанија го освои Европското првенство

Фудбалската репрезентација на шпанија четврти пат во историјата стана европски првак. Шпанија во финалето на ЕУРО 2024 ја победија Англија со 2:1.

По релетивно приспивното прво полувреме, во второто Шпанците тргнаа решително и по само две минути игра преку Нико Вилијамс го постигнаа првиот гол.

„Црвената фурија“ по постигнатиот гол продолжи да го притиска противникот, но Вилијамс, Мората, Јамал не успеаја да го совладаат Пикфорд. Англискиот голман два пати се истакна со одбраните против тинејџерот Јамал.

Англија изедначи од една од ретките вистински акции. Сака го проигра Белнгем, овој му ја остави топката на Палмер, кој од 23 метри го совлада Симон.

Овој резултат стоеше на семафорот до 86.минута кога Шпанија изведе филигрантска акција, Кукуреља асистирше, а Микел Ојрезабал го постигна најзначајниот гол во својата кариера.

До крајот херои на Шпанија стнаа и голманот Симон, односно Олмо, кои во еден напад успеаја да осбранат две опасни топки.

Scroll to Top